ekleri.jpg

Еклери

Ако не за нешто друго вреди да ги направите за да можете да направите разлика помеѓу овие и тие од слаткарница. Не се рекло за бадијала домашно си е – домашно.

Потребно е:

– 10 јајца

ЗА ТЕСТО
– 150 мл вода
– 150 мл масло за јадење
– 150 г брашно
– 50 г маргарин
– 1 прашок за печиво

ЗА КРЕМ
– 500 мл млеко
– 250 г шеќер
– 1 прашок за пудинг од ванила

ЗА УКРАСУВАЊЕ
– 100 г чоколада за готвење
– 2 лажици масло за јадење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на тестото за еклерите. Во тенџере на оган ги ставаме водата и маслото да зовријат. Го додаваме брашното и непрекинато мешаме со лажица додека тестото не почне да се одделува од тенџерето. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме тестото во сад за матење. Матиме со миксер додека не се излади.
  2. Во садот додаваме 6 јајца и прашокот за печиво, и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Ја ставаме во слаткарска кеса и во тава, намрсена со маргаринот ги формираме еклерите. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 25 минути на 200 степени, без да ја отвораме рерната и ја вадиме тавата од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на кремот. Во тенџере на оган ставаме 300 мл млеко и додаваме 150 г шеќер. Прашокот за пудинг го додаваме во садот со преостанатото млеко и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаниот пудинг во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако пудингот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме пудингот да се излади.
  4. Преостанатите 4 јајца ги кршиме, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките ги оставаме во сад на страна. Ги матиме белките со миксер. Во садот ги додаваме преостанатите 100 г шеќер и матиме додека не се растопи. Потоа го додаваме изладениот пудинг и мешаме со жица додека кремот не се соедини. Го ставаме во слаткарска кеса.
  5. Изладените теста за еклери ги вадиме од тавата и ги сечеме на половина по должина. Со кесата ги филуваме долните делови од тестата. Врз филот ги нанесуваме горните делови од тестата.
  6. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на пареа. Го додаваме маслото и откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Со горните делови ги потопуваме еклерите во растопената чоколада и ги редиме на послужавник.
  7. Откако чоколадата ќе се излади и ќе се стегне неколу Еклери ставаме на чинија за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: