Kroketi-so-pecurki

Крокети со Печурки

Кромид, шампињони и арома на морско оревче. Феноменално!

Потребно е:

•2 јајца
•200 г свежи шампињони
•150 г брашно
•700 мл млеко
•100 г путер
•100 г лебни трошки
•60 г кромид
•морско оревче
•масло за јадење
•маслиново масло
•сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано маслиново масло во тенџере на оган. Шампињоните ги сечкаме на листови и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид.
  2. Откако и шампињоните ќе се испржат во тенџерето го додаваме путерот и рендаме морско оревче. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме брашното. Во тенџерето со запрженото брашно постепено го налеваме млекото и непрекинато мешаме со лажица. Откако смесата ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган и оставаме смесата да се лади 3 часа.
  3. Со две лажици од смесата формираме крокети и ги ставаме на чинија наросена со лебни трошки. Во длабока чинија ги кршиме јајцата, ги посолуваме и ги матиме со виљушка. Крокетите прво ги свалкуваме во изматените јаца, а потоа ги облепуваме со лебни трошки.
  4. Ги пржиме на поголема количина загреано масло за јадење во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме крокетите од тавата и ги ставаме на чинија обложена со хартија. Чинијата за сервирање ја украсуваме со сечкана марула, и листови босилек и магдонос.
  5. Потоа сервираме три Крокети со печурки и нанесуваме претходно подготвен прелив од мајонез, кисела павлака и лимонов сок. Наросуваме со мелен црн пипер и декорираме со еден круг лимон.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *