Spanski-rolnicki

Шпански Ролнички

Вкусни слатки ролнички наросени со шеќер. Не се толку тешки за правење а се топат во уста!

Потребно е:

•2 јајца
•220 г шеќер
•700 г брашно
•200 г путер
•100 мл млеко
•60 мл млака вода
•15 г сув квасец
•70 г лебни трошки
•сол

Подготовка:

  1. Во длабока чинија го мешаме квасецот со млаката вода, и по една лажица шеќер и брашно, и оставаме да стаса.
  2. Во тенџере на оган топиме 100 г путер. Го додаваме млекото и откако ќе се смлачи го тргаме тенџерето од оган.
  3. Преостанатото брашно во длабок сад сосема малку го посолуваме. Додаваме 80 г шеќер, јајцата, млекото со путерот и стасаниот квасец, и со рака замесуваме тесто. Оставаме да стасува 1 час на топло место.
  4. Во друго тенџере на оган ги топиме преостанатите 100 г путер.
  5. Стасаното тесто го размесуваме на работна маса, го делиме на 16 еднакви делови и формираме топчиња. Од првото топче тесто со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Со готварска четка ја премачкуваме со растопен путер. Врз кората наросуваме шеќер и лебни трошки, и почнувајќи од едниот ќош виткаме ролничка. Ја ставаме во тава за печење обложена со хартија.
  6. На истиот начин ги подготвуваме сите ролнички и ги редиме во тавата. Со четката ги премачуваме со преостанатиот растопен путер. Ги наросуваме со преостанатиот шеќер и лебни трошки. Оставаме ролничките да стасуваат 30-тина минути на топло место. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  7. На чинија за сервирање ставаме две Шпански ролнички. Декорираме со една црвена шеќерна роза и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: