- Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Кришките двопек ги кршиме на ситни парчиња и ги додаваме во садот. Кршиме едно јајце и ја додаваме белката во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
- Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 22 обложен со хартија и ја притискаме подлогата за тортата со лажица.
- Во длабок сад ги ставаме крем сирењето, урдата и лукот во прав. На ситната страна од рендето во садот ја рендаме гаудата. Преостанатите 5 јајца ги кршиме и ги додаваме во садот. Гранчињата мајчина душичка ситно ги сечкаме, ги додаваме во садот и матиме со миксер додека филот не се соедини. Го нанесуваме врз подлогата и го ставаме калапот во рерна. Печеме 60 минути на 190 степени и го вадиме од рерна.
- Еден домат сечеме на тенки полукругови, а вториот на кришки. На чинија за сервирање ја ставаме изладената торта. По крајот на тортата скалесто ги редиме полукруговите, а на средината кришките домат. Декорираме со една црна маслинка и отсекуваме парче од тортата.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.