- Месото го сечкаме на тенки долгнавести парчиња и ги ставаме во тенџере со вода на оган. Ги додаваме зрната црн пипер, ловоровите листови, листовите целер и половина од гранчињата француски магдонос, и посолуваме.
- Откако месото ќе се свари со лажица решетка во вадиме од тенџерето, го ставаме во цедалка и го плакнеме со студена вода. Исцедените парчиња месо ги ставаме во длабок сад.
- Главиците кромид и коренот од целер ги сечкаме на парчиња, и ги ставаме во друго тенџере со вода на оган. Откако ќе се сварат ги вадиме од тенџерето, ги ставаме во цедалката и ги плакнеме со студена вода.
- Исцедените парчиња зеленчук ги додаваме во садот со месото. Киселите краставички ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме мајонезот, киселата павлака и сенфот.
- Преостанатиот магдонос ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме масло и ја промешуваме салатата.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и нанесуваме од Говедската салата на холандски начин. Декорираме со гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.