- Месото го засекуваме на повеќе места, за да добиеме рамна површина за ролување. Го посолуваме, го наросуваме со мелен црн пипер од двете страни и оставаме да ги впие зачините.
- Сланината ја сечкаме на коцки и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги додаваме во тавата со поруменетата сланина.
- Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако кромидот ќе омекне ја тргаме тавата од оган. Содржината ја додаваме во садот со меленото месо. Ги додаваме мајчината душичка, мелниот ким и црвниот пипер.
- Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ситно сечкаме 1 чешне лук и го додаваме во садот. Кршиме 1 јајце, па и него го додаваме во садот. Го мешаме филот со лажица. Зачинетото свинско месо го толчиме со чук и на него нанесуваме половина од подготвениот фил од мелено месо.
- Варените јајца ги сечеме на половина по должина. Наизменично, една половинка со белката, а друга со жолката нагоре ги редиме на филот. Ги притискаме половинките варени јајца со раце, го нанесуваме преостанатиот фил и виткаме ролатот.
- Го зацврстуваме со готварски конец и го ставаме ролатот во тава за печење, намрсена со масло. Преостанатиот лук го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата. Ролатот го преливаме со белото вино и ја ставаме тавата во рерна.
- Печеме 2 часа на 200 степени и ја вадиме од рерна. Го вадиме ролатот од тавата, го отстрануваме конецот и го сечеме ролатот на парчиња.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и скалесто ги редиме парчињата Ролат од свински бут. Додаваме претходно обарен мешан зеленчук. Декорираме со гранчиња француски магдонос и декоративно засечени половинки ротквички.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.