- Во сад за матење кршиме 2 јајца и матиме со миксер. Посолуваме и додаваме 50 мл масло. Потоа додаваме 125 мл јогурт и матиме додека состојките не се соединат. Д
- одаваме 4 лажици брашно, црвениот пипер и ½ кесичка прашок за печиво, и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезна тава бр 24, намрсена со масло.
- Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 10-тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ја покриваме тавата со чинија и ја превртуваме кората на чинијата. Во сад за матење кршиме 2 јајца, посолуваме и матиме со миксер.
- Додаваме 50 мл масло и 125 мл јогурт, и матиме додека состојките не се соединат. Додаваме 4 лажици брашно и ½ кесичка прашок за печиво, и мешаме со жица додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во тава бр 24, намрсена со масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 10-тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ја покриваме тавата со чинија и ја превртуваме кората на чинијата.
- Во тенџере со зовриена вода на оган го обаруваме спанаќот и го ставаме во цадалка. Исцедениот спанаќ ситно го сечкаме и го ставаме на чинија. Во сад за матење ги кршиме последните 2 јајца, посолуваме и матиме со миксер.
- Додаваме 50 мл масло и 125 мл јогурт, и матиме додека состојките не се соединат. Го додаваме спанаќот и го исклучуваме миксерот. Потоа додаваме 4 лажици брашно и ½ кесичка прашок за печиво, и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава бр 24, намрсена масло. Тавата ја ставаме во рерна.
- Печеме 10-тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ја превртуваме кората на чинија. Во длабок сад го ставаме маргаринот, посолуваме и матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. На крупната страна од рендето во садот го рендаме сирењето. Ја додаваме урдата и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Потоа ја додаваме киселата павлака и повторно матиме додека смесата не се соедини.
- Шунката ја сечкаме на ситни коцки, ја додаваме во садот и го мешаме филот со жица додека не се соедини. На чинија за торта ја ставаме кората со спанаќ и ја премачкуваме со фил. Врз него ја ставаме жолтата кора, па и неа ја филуваме. Прекриваме со кората со црвен пипер и целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил. Во фишек од хартија ставаме кечап и со концентрични кругови ја украсуваме тортата.
- Со чепкалка од круговите формираме пајакова мрежа. Горната површина на тортата ја декорираме со листови магдонос, а страничниот дел со кругови варен морков. Отсекуваме едно парче од тортата.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.