Minjon-nedeli

Мињон Медели

Колку добро изгледаат – очигледно е. Но, колку се вкусни не можеме да Ви опишеме, ќе мора да ги пробате. Ние само ќе напоменеме – со рендана чоколада, ореви, мармалад од кајсии…, а во средината цел лешник. И што е најважно не се печат, значи експресно готови.

Потребно е:

200 г шеќер
200 г мелени ореви
150 + 50 г чоколада за готвење
50 г лешници
1 јајце
1 лажица мармалад од кајсии
1 лажица масло за јадење

Подготовка:

  1. На парчиња кршиме 150 г чоколада и ја ставаме во тенџере на оган. Откако чоколадата ќе се растопи со лажица ставаме во фишек од хартија. На лист хартија со фишекот формираме чоколадни украси и оставаме да се стегнат.
  2. Во тенџерето со преостанатата растопена чоколада го додаваме маслото, промешуваме и го тргаме тенџерето од оган. Во длабок сад ги ставаме мелените ореви, шеќерот и мармаладот.
  3. Јајцето го кршиме, белката ја додаваме во длабокиот сад, а жолчката ја оставаме во сад на страна. На крупната страна од рендето во садот ги рендаме преостанатите 50 г чоколада.
  4. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Со раце ги формираме мињоните и во секој ставаме по еден цел лешник. Ги свалкуваме мињоните во растопената чоколада и ги редиме на алуминиумска фолија.
  5. Врз секој мињон ставаме по еден претходно подготвен чоколаден украс. Откако мињоните ќе се изладат и ќе се стегнат ги редиме на чинија за сервирање.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: