Grofovski-odrezok-(6)

Грофовски Шницли

Заслужено си го носат името, знаел грофот што е добро – кој и да е. За ролати од шницли и палачинки, прелиени со испржен сос од кромид, шампињони и павлака, па испечени со рендан кашкавал единствено што може да се каже е – уф, уф, уф.

Потребно е:

800 г свинска кртина
200 г сечкани маринирани шампињони
150 г брашно
2 лупени компира
100 мл кисела павлака
100 г кромид
100 г кашкавал
100 мл млеко
2 јајца
масло за јадење
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во длабок сад ги кршиме јајцата, посолуваме и матиме со жица. Ги додаваме брашното и млекото, и мешаме со жицата додека смесата за палачинки не се соедини. На крупната страна од рендето во садот ги рендаме компирите и промешуваме.
  2. Со готварска четка со масло ја намрсуваме тавата за пржење на оган. Нанесуваме една црпалка од подготвената смеса. Откако ќе се испржи од двете страни ја вадиме палачинката од тавата и ја ставаме на чинија.
  3. На истиот начин ги подготвуваме сите палачинки и ги редиме една врз друга на чинијата. Месото го сечеме на шницли, ги посолуваме и ги пржиме на загреано масло во друга тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме шницлите од тавата и ги ставаме на чинија.
  4. На првата палачинка ставаме една испржена шницла и виткаме ролат. Го ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло. На истиот начин ги формираме сите ролати и ги редиме во садот.
  5. На крупната страна од рендето ја рендаме главицата кромид и ја пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган. Ги додаваме шампињоните и откако ќе се запржат ја тргаме тавата од оган. Ја додаваме киселата павлака, промешуваме со жица и го нанесуваме сосот врз палачинките.
  6. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот и го ставаме садот во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
  7. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и шери домати. Ги сервираме Грофовските шницли и декорираме со кругови црвена пиперка.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: