- Листовите рузмарин ги кинеме од гранчињата, ситно ги сечкаме и ги ставаме во длабок сад. И чешнињата лук ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме сенфот, 2-3 лажици маслиново масло и 1 лажица мешан зачин К+.
- Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме со лажица. Со маринадата од сите страни го премачкуваме јагнешкиот бут. Го пржиме на загреано маслиново масло во грил тава на оган.
- Откако ќе порумени од двете страни го вадиме бутот од грил тавата и го ставаме во тава за печење. Го преливаме со мрснотијата во која се пржеше. Во тенџере на оган ставаме 80 мл бело вино и 1 лажица мешан зачин. Откако виното ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган и со зачинетото вино го преливаме бутот.
- Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и оставаме месото да отстои 1 час. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано маслиново масло во тава на оган.
- Откако кромидот ќе омекне во тавата ги додаваме шеќерот, јаболковиот оцет, и преостанатите 80 мл вино и мешаниот зачин. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја додаваме супата од коцка.
- Содржината од тавата низ цедалка ја претураме во тенџерето во кое се вареше супата. Од процедената течност додаваме во тавата за печење. Повторно ја покриваме со фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 50 минути на 250 степени и ја вадиме тавата од рерна.
- Тенџерето со преостанатата течност го ставаме на оган. Нането ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Откако сосот ќе ја добие поребната густина го тргаме тенџерето од оган. На чинија за сервирање го ставаме јагнешкиот бут и го преливаме со сосот од нане.
- Додаваме четвртинки претходно испечени компири во лушпа. Декорираме со 1 гранче рузмарин, 2-3 гранчиња нане и една ротквичка засечена во форма на цвет.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит