juneski-drob

Јунешки Дроб Во Крем Сос

За вистински гурмани!

Потребно е:

•500 г јунешки црн дроб
•150 г кромид
•40 г путер
•100 мл бело вино
•2-3 гранчиња свежа мајчина душичка
•2 лажици брашно
•1 лажица кисела павлака
•1 лажица сенф
•Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главиците кромид ситно ги сечкаме, ги пржиме на растопениот путер во тава на оган и посолуваме. Јунешкиот дроб го сечеме на тенки парчиња и го додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Листовите мајчина душичка ги кинеме од гранчињата и ги додаваме во тавата со запржениот дроб. Ги додаваме брашното, сенфот, виното и 250 мл вода. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и динстаме 30-тина минути.
  2. Ја додаваме киселата павлака, промешуваме и ја тргаме тавата од оган. На чинија за сервирање ставаме претходно сварени ситни макарони. Потоа на чинијата сервираме од Јунешкиот дроб во крем сос.
  3. Декорираме со гранчиња свежа мајчина душичка.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: