Lazanji-vo-vino-(4)

Лазањи во Вино

Не, не се испијаниле и не паднале во бочвата. Си имаат се што им треба – и фил со мелено месо, и бешамел сос, па уште и рендана Гауда. Само што виното им дава шмек кој мора да се проба.

Потребно е:

– 500 г лазањи
– 800 г мелено месо
– 400 г Гауда
– 100 г кромид
– 350 мл доматен сос
– 200 мл црвено вино
– 500 мл млеко
– 100 г путер
– 1 лажица брашно
– 1 лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме во тава на оган со загреана мешавина од 30 г путер и масло. Откако кромидот ќе омекне во тавата го додаваме меленото месо. Го ситниме месото со лажица и го наросуваме со мешаниот зачин К+.
  2. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Во тавата со испрженото месо ги додаваме виното и доматниот сос. Откако алкохолот ќе испари ја тргаме тавата со филот од оган. На 50 г растопен путер во тенџере на оган го пржиме брашното и мешаме со жица.
  3. Го додаваме млекото и посолуваме. Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. На крупната страна од рендето во длабок сад ја рендаме Гаудата. Правоаголната тава за печење ја намрсуваме со преостанатиот путер.
  4. Во тавата нанесуваме бешамел сос и го прекриваме дното со еден ред лазањи. Врз нив нанесуваме од филот од мелено месо и наросуваме рендана Гауда. Повторно нанесуваме бешамел сос, редиме еден ред лазањи и уште еднаш ја повторуваме истата постапка на нанесување на состојките.
  5. Прекриваме со лазањи и ја наросуваме преостанатата Гауда. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 45 минути на од 200 степени и ја вадиме од рерна. Ги сечеме лазањите на парчиња.
  6. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Лазањи со вино и на секое парче нанесуваме кечап. Декорираме со по еден лист кинеска зелка и ендивија, како и еден шери домат на чинијата и листови власец на парчињата лазањи.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *