- Во длабок сад ги ставаме мелените бисквити, путерот, кокосовото брашно, мелените ореви и шеќерот во прав, и мешаме со лажица. Потоа го додаваме сокот и со рака ја месиме смесата додека не се соедини.
- Половина од смесата ставаме на послужавник и со рака расплескуваме правоаголна форма. Врз смесата ги редиме крем бананите, со рамната страна нагоре. Ги притискаме со раце за малку да пропаднат во смесата.
- Врз крем бананите ја нанесуваме преостанатата смеса. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и млекото, и матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина.
- Го ставаме во слаткарска кеса и ја украсуваме Плазма тортата со крем банани. Декорираме со чоколадни трошки, бели шеќерни цветови со зелени толчници и зелени шеќерни листови.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.