- Свинското каре го сечкаме на покрупни коцки и го пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и додаваме 200 мл вода. Откако месото ќе се издинста ја тргаме тавата од оган.
- Шампињоните ги сечеме на половина и ги пржиме на загреано масло во друга тава на оган. Вргањот го сечкаме на долгнавести парчиња и ги додаваме во тавата со запржените шампињони. Откако и парчињата вргањ ќе се запржат ја тргаме тавата од оган.
- Меленото месо го ставаме во длабок сад. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и ½ лажица мешан зачин К+. Ја месиме смесата со рака и формираме топчиња со големина на орев. Ги пржиме на загреано масло во трета тава на оган.
- Лентите сланина ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата со испржените ќофтиња. Откако и сланината ќе се запржи ги додаваме издинстаните парчиња каре. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во тавата.
- Потоа ги додаваме испржените печурки, брашното, доматното пире и 200 мл вода. Откако течноста ќе испари ситно го сечкаме магдоносот и го додаваме во тавата. Посолуваме, го додаваме преостанатиот мешан зачин, промешуваме и ја тргаме тавата од оган.
- На чинија за сервирање ставаме од Малешевската тава. Декорираме со ситно сечкан магдонос и на крупната страна од рендето рендаме сирење.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит