Lozjarski-tikvarnik-(2)

Лозјарски Тикварник

Пита од кори печeни на скара тешко дека сте подготвувале, но ако го направите овој тикварник еднаш сигурно нема да пропуштите да му се навратите. А, на тиквата баш и е сезоната и не дозволувајте да не ја искористите. Сигурни сме дека знаете колку е здрава и печена, но во ваков фил со млеко и јајца уште повеќе ќе Ви се допадне.

Потребно е:

– 1 кг брашно
– 500 мл вода
– 1,5 кг излупена тиква
– 3 јајца
– 300 г шеќер
– 250 г маргарин
– 100 + 50 мл млеко
– 2 кесички ванилин шеќер
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Брашното малку го посолуваме и мешаме со рака. Во садот постепено ја додаваме водата и замесуваме средно тврдо тесто. Продолжуваме да го месиме тестото на работна маса додека не стане мазно и го делиме на два еднакви дела. Од првата половина тесто формираме две поголеми топки, а од втората четири помали топки.
  2. Од првата помала топка тесто со сукалка развлекуваме кора и ја печеме на скара. На истиот начин ги подготвуваме и преостанатите 3 памали кори. Во тенџере на оган го ставаме маргаринот. Откако ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. На крупната страна од рендето во друго тенџере ја рендаме тиквата и го ставаме тенџерето на оган.
  3. Ги додаваме шеќерот, ванилиниот шеќер, 100 мл млеко и 2 лажици растопен маргарин, и мешаме со лажица. Откако течноста ќе испари го тргаме тенџерето од оган. Јајцата ги кршиме, ги додаваме во тенџерето и го мешаме филот со лажицата. Од првата поголема топка тесто на набрашнета работна маса со сукалката развлекуваме кора. Ја засекуваме во форма на зраци и со готварска четка ја премачкуваме кората со растопен маргарин.
  4. Потоа еден врз друг ги редиме зраците, формирајќи топка. На истиот начин од преостанатото тесто формираме уште една топка. Од првата топка тесто со сукалката повторно развлекуваме кора. Ја ставаме во тркалезна тава бр 30, намрсена со растопен маргарин. И кората ја попрскуваме со растопен маргарин и нанесуваме од филот од тиква. Првата кора печена на скара со ножици ја сечеме со големина на тавата.
  5. Со четката ја премачкуваме со млеко и со премачканиот дел надолу ја ставаме кората врз филот. И горната страна на кората ја премачкуваме со млеко. Врз кората нанесуваме фил. Истата постапка ја повторуваме и со преостанатите 3 печени кори. Од преостанатата топка тесто со сукалката развлекуваме кора и ја ставаме во тавата.
  6. Краевите на двете непечени кори ги свиткуваме кон внатрешноста, формирајќи витка. На повеќе места ја боцкаме горната кора со виљушка. Го попрскуваме тикварникот со преостанатиот растопен маргарин и ја ставаме тавата во рерна.
  7. Печеме 60 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Подизладениот тикварник го сечеме на триаголни парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче Лозјарски тикварник и декорираме со кругови киви.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: