Mafini-so-banani-i-kokos-(2)

Мафини со Банани и Кокос

Лесни за јадење, брзи за подготовка. Навистина мафините ги има во безброј варијанти, но вреди да ја испробате и оваа, особено ако сте љубител на банани и кокос.

Потребно е:

– 375 г брашно
– 160 г шеќер
– 100 г путер
– 1 јајце
– 300 г банани
– 200 г кокосово брашно
– 1 ванилин шеќер
– 1 кафена лажица прашок за печиво
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во длабок сад ги ставаме брашното и прашокот за печиво. Сосема малку посолуваме и ги промешуваме состојките со лажица.
  2. Во сад за матење ги ставаме путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Матиме со миксер додека смесата не стане пенеста. Бананите ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги додаваме во садот. Додаваме и половина од кокосовото брашно и матиме со миксерот. На крајот во садот го додаваме брашното со прашокот за печиво и матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
  3. Со лажица од смесата ставаме во тркалезни калапи и ги ставаме наполнетите калапи во длабнатините на калап за мафини. Врз смесите во тркалезните калапи со лажица го наросуваме преостанатото кокосово брашно. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
  4. Три мафини вадиме од калапите и ги ставаме на чинија за сервирање. Декорираме со еден розов шеќерен цвет и три зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: