- Магдоносот го сечкаме на парчиња, го ставаме во блендер и ги додаваме оревите. Сирењето го дробиме со виљушка и го додаваме во блендерот. Ги миксаме состојките и го ставаме филот во длабок сад.
- Првата шницла ја посолуваме и ја наросуваме со мелен црн пипер. Ја прекриваме шницлата со најлонска фолија и ја толчиме со чук. На шницлата нанесуваме од подготвениот фил и ја преклопуваме на половина. Повторно прекриваме со фолијата и со чукот ги толчиме краевите на филуваната шницла. Ги свиткуваме краевите на шницлата кон внатрешноста и ја ставаме на чинија. На истиот начин ги подготвуваме и преостанатите три шницли. Ги пржиме на загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме мисиркините шницли од тавата и ги ставаме во огноотпорен сад. Во тавата за пржење на оган ја додаваме водата. Лимонот го цедиме во цедалка, па и лимоновиот сок го додаваме во тавата. Потоа ја додаваме киселата павлака и мешаме со жица. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
- На чинија за сервирање нанесуваме претходно сварен мешан зеленчук и сервираме три Мисиркини шницли со сирење и ореви. Четвртата шницла ја сечеме на половина, па и неа ја сервираме на чинијата. Со црпалка по крајот на чинијата нанесуваме од сосот од тавата за пржење. Декорираме со листови магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.