Pecenica-so-suvi-slivi-(6)

Свинска Печеница со Суви Сливи

Печена свинска печеница, ммм. А, уште со превкусен сос од суви сливи, бело вино, кечап и павлака, можете само да замислувате или веднаш да го испробате рецептот.

Потребно е:

1 кг свинска печеница
300 гр суви сливи без семки
200 мл кечап
200 мл бело вино
200 мл кисела павлака
50 гр маргарин
масло за јадење
сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Месото го сечеме на парчиња со дебелина од 1см. Парчињата месо ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги толчиме. Ги редиме парчињата месо едно врз друго да ги впијат зачините.
  2. Во тенџере на оган ги ставаме сувите сливи и го додаваме белото вино. Во тава за пржење на оган со загреано масло и растопен маргарин ги пржиме парчињата месо. Испржените парчиња месо ги ставаме во огноотпорен сад. Со црпалка содржината од тенџерето ја претураме во тавата во која се пржеа парчињата месо. Откако сливите ќе попримат од вкусот на месото со лажица решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме на средината на чинијата за сервирање.
  3. Во тавата на оган го додаваме кечапот и мешаме со жица. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Во тавата ја додаваме павлаката и мешаме со жицата. Врз сливите во форма на куп на чинијата ги редиме парчињата месо. Откако сосот ќе ја добие потребната густина со сосот ги преливаме парчињата печеница. Украсуваме со листови магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: