Teleska-salata-so-makaroni-(1)

Телешка Салата со Макарони

И со уште многу нешта. За вкусот гарантираме ние, Ваше е само да ја направите.

Потребно е:

– 500 г телешка кртина
– 400 г ситни макарони
– 185 г конзервирана туна
– 150 г зелени пиперки
– 100 г црни маслинки без семки
– 100 г мајонез
– 200 мл неутрална павлака
– 150 мл бело вино
– 1 лимон
– 1 гранче свеж рузмарин
– 1 лажица зрна капари
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Телешкото месо го сечкаме на ситни коцки и го ставаме во тенџере со зовриена вода на оган. Ги додаваме виното и гранчето рузмарин, и посолуваме. Сварените парчиња месо ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во цедалка.
  2. Зовриената вода во друго тенџере на оган ја посолуваме и додаваме масло. Во водата ги вариме макароните, ги цедиме во цедалка и ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме парчињата месо.
  3. Пиперките ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, а маслинките на кругови и ги ставаме во друг длабок сад. Ги додаваме мајонезот, зрната капари и туната. Лимонот го цедиме во цедалка, па и лимоновиот сок го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Ги додаваме макароните и парчињата месо. Потоа ја додаваме павлаката и ја мешаме салатата со лажица.
  4. Чинијата за сервирање ја украсуваме со еден лист марула и ја нанесуваме Телешката салата со макарони. Декорираме со кришки лимон, шери домати и листови власец.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *