Krap-vo-sos-od-pivo-(3)

Крап во Сос од Пиво

Иако за рибата постои поговорка дека плива три пати – еднаш во вода, еднаш во масло и на крај во вино, овој крап малку избегал од тоа правило, па вториот пат наместо во масло плива во пиво. Сервирајте ги кременадлите на запечeни кришки леб, прелијте ги со сосот збогатен со павлака и сигурно ќе му простите на крапот што малkу повеќе сака за пивне.

Потребно е:

– 1 исчистен крап од околу 1 ½ кг
– 250 мл пиво
– 7 кришки леб
– 50 г путер
– 100 г кромид
– 200 мл кисела павлака
– 2 лажици доматно пире
– 1 лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме, и ја пржиме на загреана мешавина од путер и масло во тенџере на оган. Откако кромидот ќе омекне го додаваме пивото. Крапот го сечеме на кременадли и ги додаваме во тенџерето со зовриеното пиво.
  2. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Вариме 15 минути и со лажица решетка ги вадиме кременадлите од крап од тенџерето и ги ставаме на чинија. Во тенџерето ги додаваме доматното пире и киселата павлака, и мешаме со жица.
  3. Откако сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Кришките леб ги редиме во тава за печење и ја ставаме во рерна. Печеме 5 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  4. Чинијата за сервирање риба ја украсуваме со два листа црвена кинеска зелка, кришки лимон и гранчиња босилек. Скалесто ги редиме испечените кришки леб и врз нив ги сервираме кременадлите од крап. Со црпалка ги преливаме со сосот од пиво.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: