Rojal-kocki-(8)

Ројал Коцки

Не е ни чудо што се толку вкусни уште кога се кралски. Вие би направиле нешто што не чини за толку важна личност? Е, сега имате можност да ги направите и за своја душа, знаете како се вели – рани душа, да те слуша. Ние само ќе напоменеме, има и чоколада за готвење, и бела чоколада, и ореви, за дугото видете Вие.

Потребно е:

– 10 јајца
– 2 обланди

ЗА ПАНДИШПАН

– 8 лажици шеќер
– 2 лажици брашно
– 150 г сечкани ореви
– 60 г чоколада за готвење
– 1 лажица масло за јадење

ЗА ФИЛ

– 250 г шеќер
– 200 г маргарин
– 2 кесички ванилин шеќер

ЗА ПРЕЛИВ

– 50 мл млеко
– 50 г чоколада за готвење
– 50 г маргарин

ЗА УКРАСУВАЊЕ

– 50 г бела чоколада
– 1 лажица масло за јадење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Кршиме 8 јајца и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното, маслото и оревите.
  2. На ситната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата за готвење. Мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 40, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Садот со осумте жолчки го ставаме на пареа. Преостанатите 2 јајца ги кршиме и ги додаваме во садот. Ги додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер, и матиме со миксер додека кремот не ја добие потребната густина.
  4. Го тргаме садот од оган и оставаме кремот да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме додека филот не се соедини. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата.
  5. Ги отсекуваме краевите на пандишпанот за да добиеме пандишпан во големина на обланда. На послужавник ја ставаме првата обланда со мазната страна надолу и ја премачкуваме со фил. Врз филот го ставаме пандишпанот, па и него го филуваме.
  6. Прекриваме со втората обланда со мазната страна нагоре. Почнуваме со подготовка на преливот. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Ги додаваме маргаринот и млекото, и мешаме со лажица. Откако чоколадата и маргаринот ќе се растопат, и преливот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Со изладениот прелив ја премачкуваме горната обланда.
  7. Го ставаме послужавникот во фрижидер. Откако колачот ќе се излади и ќе се стегне го вадиме од фрижидер. Белата чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме во друго тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Тенџерето со растопената бела чоколада го тргаме од оган. Подизладената чоколада ја ставаме во слаткарска кеса и го украсуваме колачот. Откако и белата чоколада ќе се стегне го сечеме колачот на коцки.
  8. На чинија за сервирање ставаме неколку Ројал коцки. Декорираме со еден бел шеќерен цвет и два зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: