Merakliska-salata-(3)

Мераклиска Салата

Не бадијала го носи тоа име, гравот е одличана комбинација со шунката и мортаделата, а сирењето со кромидот. И се тоа измешано со прелив од сенф и лимонов сок, навистина мераци. Вам Ви останува само да се погрижите за аперитивот, наш совет – со ракија оди ептен.

Потребно е:

– 200 г зрна црвен конзервиран грав
– 150 г кругови мортадела
– 150 г кругови шунка
– 150 г сирење
– 100 г кромид
– 2 млади кромитчиња
– 1 лимон
– 1 лажица сенф
– 70 мл маслиново масло
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во садот со сенфот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме маслиновото масло и мешаме со жица додека преливот не се соедини.
  2. Главицата кромид ја сечкаме на тенки резанки, а младите кромитчиња ситно ги сечкаме. Ги ставаме во длабок сад и ги додаваме зрната грав. Шунката и мортаделата ги сечкаме на коцки, па и нив ги додаваме во садот.
  3. На крупната страна од рендето во садот го рендаме сирењето. Потоа го додаваме подготвениот прелив и ја промешуваме салатата со лажица. На чинија за сервирање ставаме од Мераклиската салата. Декорираме со листови власец и едно гранче црвен босилек.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *