Shnicli-so-pivo-(3)

Шницли во Пиво

Може ли да не чини печено свинско прелиено со мешавина од сечкан лук и магдонос, пиво, млеко, доматен сос и зачини. Ваше e се ова само да го ставите во рерна и после да се жалите колку сте се измориле подготвувајќи толку вкусен ручек.

Потребно е:

– 800 г свински шницли
– 200 мл пиво
– 200 мл млеко
– 200 мл доматен сос
– 100 г брашно
– магдонос
– 4 чешниња лук
– 1 ½ лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Шницлите ги посолуваме, една врз друга ги редиме на чинија и оставаме да ја впијат солта. Магдоносот и чешнињата лук ситно ги сечкаме, и ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме пивото, млекото, доматниот сос и мешаниот зачин К+.
  2. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Посолените шницли ги набрашнуваме од двете страни и ги редиме во огноотпорен сад, намрсен со масло.
  3. Со црпалка на шницлите ја нанесуваме зачинетата мешавина од пиво, млеко и доматен сос. Го ставаме садот во рерна.
  4. Печеме 60 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Двата краја на чинија за сервирање ги украсуваме со листови рукола. Ги сервираме Шницлите во пиво и ги преливаме со сосот од огноотпорниот сад. На другите два краја на чинијата додаваме претходно обарен мешан зеленчук.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: