Kineska-pileska-supa-so-rezanki-(2)

Кинеска Пилешка Супа со Резанци

Резанките, пилешките гради, шампињоните и пиперката воопшто не мора да се кинески. Зелката е веќе дискутабилна, може и наша и кинеска. Соја сосот е тој заради кој супата го носи името, а шунката не ја ни коментираме – може и не мора, супата секако е превкусна.

Потребно е:

200 г пилешки гради
150 г резанки
150 г зелка
150 г сечкани, маринирани шампињони
70 г зелена пиперка
2 лажици соја сос
2 пилешки коцки за супа
100 г кругови шунка
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во тенџере со посолена зовриена вода на оган ги ставаме резанките. Тенџерето со полу сварените резанки го тргаме од оган.
  2. Во друго тенџере со зовриена вода на оган ги ставаме коцките да се вари супа. Пилешките гради ги сечкаме на ситни коцки и заедно со шампињоните ги додаваме во супата. Пиперката и зелката ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, па и нив ги додаваме во тенџерето.
  3. Вариме 15-тина минути, и ги додаваме резанките со водата во која се вареа и соја сосот. Откако месото и зеленчукот ќе се сварат, го тргаме тенџерето од оган и сервираме во чорбалак. Круговите шунка ги сечкаме на коцки и декорираме.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *