- Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот додаваме половина од шеќерот и матиме додека не се растопи. Во длабок сад ги ставаме путерот и преостанатиот шеќер, и матиме со миксер.
- Ги додаваме бадемите и брашното, и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме изматените белки и благо промешуваме со лопатка. Ја нанесуваме смесата во со масло намрсена и набрашнета правоаголна тава бр 36.
- Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на првиот фил. Во садот со жолчките преостанати од пандишпанот ги додавеме шеќерот и ванилиниот шеќер, и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Го нанесуваме првиот фил на пандишпанот и ја враќаме тавата во рерна.
- Печеме 15 минути на истата температура и ја од рерна. Почнуваме со подготовка на вториот фил. Во тенџере на оган ги ставаме путерот и шеќерот, и мешаме со лажица. Откако ќе се растопат ги додаваме мелените бадеми, промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
- Го нанесуваме вториот фил во тавата и врз него ги наросуваме сечканите бадеми. Оставаме колачот да се излади и го сечеме на штангли. На чинија за сервирање во круг редиме од Штанглите од бадеми и декорираме со кришки портокал.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.