- Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме киселото млеко, кокосовото брашно, прашокот за печиво и 200 мл масло. Мешаме со лажица додека филот не се соедини.
- Правоаголната тава за печење ја намрсуваме со масло. Една врз ставаме две кори свиткани во големина на тавата. Ги премачкуваме со фил. Повторно ставаме две свиткани кори и ги филуваме.
- Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме сите кори и целиот фил. Редењето го завршуваме со последните две кори.
- Ја сечеме баклавата на коцки и ја попрскуваме со масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Половина лимон цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во тенџерето. Вариме 15 минути и го тргаме тенџерето од оган. Оставаме шербетот да се излади.
- Со изладениот шербет ја преливаме топлата баклава, и оставаме да се излади и да го впие шербетот. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Кокос баклава и декорираме со полукругови лимон.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.