- На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките, и ги сушиме со кујнска крпа. Ги отвораме по должина и ги посолуваме. Јајцата ги кршиме во длабок сад, ги посолуваме и ги матиме со жица.
- Пиперките ги набрашнуваме од двете страни и ги свалкуваме во изматени јајца. Потоа ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме похуваните пиперки од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартиени салфетки.
- Мајонезот го додаваме во садот со киселата павлака, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Тост лепчињата ги премачкуваме со мешавината од павлака и мајонез, и ги редиме на послужавник.
- Врз лепчињата ставаме похувани пиперки, и премачкуваме со павлаката со мајонез. Кашкавалот го сечкаме на многу тенки парчиња и ги редиме на лепчињата.
- Врз нив ги нанесуваме преостанатите похувани пиперки, и ги премачкуваме со мешавината од мајонез и павлака. Потоа скалесто ги редиме круговите шунка, и ги премачкуваме со преостанатата мешавина од павлака и мајонез.
- На ситната страна од рендето на филуваните лепчиња го рендаме преостанатиот кашкавал. Го ставаме послужавникот во фрижидер.
- Откако колачот ќе се излади го сечеме на штанглички. На чинија за сервирање редиме 4 штанглички. Ги декорираме со по еден круг шери домат и по две гранчиња копар.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.