rolovano-svinsko-file

Ролувано Свинско Филе

Кога ќе го види добива човек впечаток дека специјалитетов е правен да ги задоволи само сетилата за вид. После првиот залак им се придружуваат и другите сетила, зошто мирисот е неодолив, а вкусот неповторлив. И капак на тоа сервиран со ориз, моркови, коприви и Еспањол сос, мераци

Потребно е:

1 кг свинско филе
300 г ленти чадена сланина
200 г кисели краставички
150 г шунка
150 г овчо сирење
1 јајце
3 чешниња лук
100 мл бело вино
2 врзопа коприви
100 г Еспањол сос во прав
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Киселите краставички и шунката ги сечкаме на коцки, и ги ставаме во длабок сад. Ситно сечкаме 2 чешниња лук и ги додаваме во садот. На крупната страна од рендето во садот го рендаме сирењето. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот.
  2. Наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот со лажица. Свинското филе го засекуваме на повеќе места, за да добиеме рамна површина за ролување.
  3. Го покриваме со најлонска фолија и го толчиме со чук. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. На месото го нанесуваме подготвениот фил, ги свиткуваме краевите на месото кон внатрешноста и виткаме ролат.
  4. Лентите сланина скалесто ги редиме една до друга. Врз нив го ставаме ролатот и го свиткуваме во лентите сланина. Го зацврстуваме со готварски конец и го ставаме во тава за печење, намрсена со масло.
  5. Преливаме со белото вино и со 200 мл вода. Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 60 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ролатот го вадиме од тавата, му го отстрануваме конецот и го сечеме на парчиња.
  6. Во посолена зовриена вода во тенџере на оган ги обаруваме измиените коприви. Ги цедиме во цедалка и ситно ги сечкаме. Кратко ги запржуваме на загреано масло во тенџере на оган. Преостанатото чешне лук ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето.
  7. Наросуваме мелен црн пипер, промешуваме и го тргаме тенџерето од оган. Течноста од тавата за печење низ цедалка ја ставаме во тава за пржење на оган. Околу 100 мл од течноста додаваме во садот со прашокот за Еспањол сос и мешаме со жица.
  8. Размешаниот Еспањол го додаваме во тавата и вариме додека сосот не ја добие потребната густина. На чинија за сервирање ставаме претходно сварен ориз. Со алатка за сладолед врз него нанесуваме топки од копривите со лук.
  9. На средината додаваме долгнавести парчиња претходно сварен морков. На другата страна на чинијата скалесто ги редиме парчињата ролат и преливаме со Еспањол сосот.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: