Kremenadli-vo-salsa1

Кременадли во Салса Верде Сос

Кременадли, пиперки, модар патлиџан, тиквичка и шампињони испечени на скара, многу убаво. Според правилото најубавото доаѓа на крајот. Овојпат тоа е салса Верде, измиксан од рачките на шампињоните, ринглици, магдонос, власец, босилек, оригано, маслиново масло и лимонов сок. Ако до сега не сте го пробале, не пропуштајте ја оваа можност.

Потребно е:

4 свински кременадли
400 г свежи шампињони
300 г мешан зеленчук
250 г тиквичка
200 г модар патлиџан
150 г пиперки
магдонос
3-4 ринглици
1 лимон
1 кафена лажица сув босилек
1 кафена лажица сув власец
1 кафена лажица оригано
масло за јадење
маслиново масло
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Кременадлите ги толчиме со дрвен чук, ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер од двете страни. Ги печеме на скара, попрскана со масло за јадење. И кременадлите ги попрскуваме со масло.
  2. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме од скарата и ги ставаме на чинија. На тиквичката и на модриот патлиџан им ги отсекуваме рачките и ги сечкаме на кругови. Ги редиме на скарата, ги посолуваме и ги попрскуваме со масло за јадење.
  3. На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките, а на шампињоните рачките и ги редиме на скарата. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и порскуваме со масло.
  4. Откако и зеленчукот ќе се испече од двете стрни го вадиме од скарата и го ставаме на чинија. Рачките од шампињоните и магдоносот ги ставаме во блендер. Ги додаваме власецот, ориганото, босилекот и ринглиците. Половина лимон цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во блендерот.
  5. Додаваме 4-5 лажици маслиново масло и миксаме. Го ставаме салса верде сосот во длабок сад. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула.
  6. На едната страна на чинијата скалесто ги редиме кременадлите, на нив нанесуваме од измиксаниот сос и на чинијата го додаваме претходно обарениот мешан зеленчук.
  7. На два краја на чинијата ги сервираме шампињоните, а помеѓу нив круговите модар патлиџан и тиквичка, и пиперките. Декорираме со цветови од морков и гранче француски магдонос, и попрскуваме со маслиново масло.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: