- Спанаќот ситно го сечкаме и го ставаме во длабок сад. Посолуваме и оставаме да отстои 30-тина минути. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките.
- Ги матиме жолчките со миксер и ги додаваме во садот со исечканиот спанаќ. Потоа ги додаваме млекото и брашното. Во тенџере на оган го топиме маргаринот и откако малку ќе се подизлади го додаваме во садот со спанаќот.
- Белките ги матиме со миксер, па и нив ги додаваме во садот со спанаќот. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија намрсена со масло.
- Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Во два сада ставаме по 130 г од крем сирењето.
- Магдоносот ситно го сечкаме, го додаваме во првиот сад и го мешаме филот со лажица. Во вториот сад го додаваме кечапот, па и овој фил го мешаме со лажицата.
- Испечената кора ја вадиме од тавата, и ја отстрануваме хартијата и ја сечеме на три еднакви дела. Првата лента од кората ја ставаме на послужавник, и ја премачкуваме со филот од крем сирење и магдонос. Врз филот редиме кругови шунка.
- Ја ставаме втората лента од кората, и ја филуваме со филот од крем сирење и кечап. Прекриваме со третата лента и целата торта ја премачкуваме со преостанатото крем сирење.
- На ситната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот и го наросуваме на филуваната торта. Декорираме со четвртинки шери домати и една црна маслинка.