Lesnik-karamel-(6)

Лешник Карамел

Една врз друга смеса од шеќер, јајца, маргарин, лешник карамели, мелени бисквити и лешници, и смеса од маргарин, шеќер, вода и млеко во прав. Изладена, исечена на правоаголници и колачите сервирани со цели бадеми. Прво колаче, па бадем – така е логично, но може и обратно.

Потребно е:

ЗА ПРВ ДЕЛ

– 3 јајца
– 250 г шеќер
– 200 г мелени лешници
– 200 г лешник карамели
– 200 г мелени Плазма бисквити
– 125 г маргарин

ЗА ВТОР ДЕЛ

– 300 г млеко во прав
– 100 мл вода
– 150 г шеќер
– 125 г маргарин

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на првиот дел. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот, јајцата, маргаринот и карамелите, и мешаме со лажица. Откако состојките ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган.
  2. Ги додаваме мелените лешници и бисквити, и мешаме со лажицата додека смесата не се соедини. Почнуваме со подготовка на вториот дел. Во тенџере на оган ги ставаме маргаринот, шеќерот и водата да зовријат.
  3. Го додаваме млекото во прав и мешаме со жица. Откако смесата ќе се соедини го тргаме тенџерето од оган. Во тава за печење, обложена со најлонска фолија го нанесуваме првиот дел.
  4. Врз него го нанесуваме вториот дел и ја ставаме тавата во замрзнувач. Откако колачот ќе се излади и ќе се стегне ја вадиме тавата од замрзнувач.
  5. Колачот го вадиме од тавата и го сечеме на првоаголни парчиња. На чинија за сервирање ги редиме Лешник карамел колачите и ги декорираме со цели бадеми.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: