- Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Празот го сечкаме на полукругови и го додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
- Доматите ги сечкаме на коцки, па и нив ги додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако празот и доматите ќе се испржат ја тргаме тавата од оган. На крупната страна од рендето во садот со меленото месо го рендаме сирењето.
- Ги додаваме брашното, ориганото, јајцата, сенфот и содржината од тавата за пржење. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер.и ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
- Ја нанесуваме во правоаголен калап, обложен со алуминиумска фолија. Попрскуваме со масло и ја прекриваме смесата со краевите на фолијата. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
- Испеченото мелено месо го превртуваме на послужавник и го сечеме на парчиња. На средината на чинија за сервирање редиме од парчињата Мелено месо на нов начин. На крупната страна од рендето врз нив го рендаме кашкавалот.
- Од двете страни на чинијата сервираме претходно сварени парчиња компири. На преостанатите две страни на чинијата редиме тенки кришки домат. Декорираме со гранчиња француски магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.