- На крупната страна од рендето во сад за матење ја рендаме чоколадата. Ги додаваме какаото, шеќерот во прав, румот, џемот од кајсии и оревите. Со рака ја месиме смесата додека не се соедини.
- Од смесата расплескуваме на едната рака, на средината ставаме една вишна од слаткото и формираме топче. Го облепуваме со чоколадните трошки и го ставаме на чинија.
- На истиот начин ги подготвуваме сите топчиња и ги редиме на чинијата. Ги ставаме Моцарт топчињата во хартиени корпички и ги редиме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.