- Спанаќот го обаруваме во тенџере со зовриена вода на оган, го ставаме во цедалка и го плакнеме со студена вода. Исцедениот спанаќ ситно го сечкаме и го ставме во длабок сад. Шунката ја сечкаме на коцки и ја додаваме во садот.
- Сирењето го дробиме со виљушка, па и него го додаваме во садот. Двете јајца ги кршиме, ги додаваме во садот, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го мешаме филот со лажица. На набрашнета работна маса го ставаме првото парче лиснато тесто.
- И него го набрашнуваме и со сукалка развлекуваме кора. На кората нанесуваме половина од подготвениот фил и виткаме ролат. Краевите на ролатот ги свиткуваме кон внатрешноста за да не испаѓа филот.
- Го ставме ролатот во тава за печење, намрсена со масло. На истиот начин го подготвуваме и вториот ролат и го ставаме во тавата. Во садот со жолчката додаваме 1 лажица масло и матиме со виљушка.
- Со готварска четка со изматена жолчка ги премачкуваме ролатите. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30-тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ги вадиме ролатите од тавата и ги сечеме на парчиња.
- На чинија за сервирање редиме од парчињата Ролат со спанаќ и декорираме со две парчиња кашкавал.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.