- Во тенџере на оган го ставаме октоподот. Го покриваме тенџерето со капак и оставаме октоподот да се динста без вода, за да ја испушти виолетовата течност. Откако на дното на тенџерето ќе остане само виолетова боја, а целата течност ќе испари тенџерето со издинстаниот октопод го тргаме од оган.
- Главицата кромид ја сечкаме на кришки, а чешнињата лук на парчиња и ги ставаме во керамичка тава за печење. Потоа на кришки ги сечкаме компирите и ги додаваме во тавата. Магдоносот покрупно го сечкаме, па и него го додаваме во тавата.
- Врз зеленчукот го ставаме издинстаниот октопод и преливаме со белото вино. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и попрскуваме со маслиновото масло. Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна.
- Печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна. На чинија за сервирање нанесуваме од испечениот зеленчук од тавата. Врз него го сервираме октоподот. Декорираме со полукругови лимон и гранчиња магдонос, и попрскуваме со маслиново масло.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.