Pecena-teleska-kolenica-(5)

Печена Телешка Коленица

Погледнете ја сликата и се ќе Ви биде јасно. Од Вас се очекува само да сте гурман за да знаете да уживате во овој специјалите и не повеќе од 15-тина минути за да го подготвите. Останатото препуштете и го на рерната и подгответе го виното.

Потребно е:

– 1 свежа телешка коленица
– 500 г кромид
– 400 г лупени компири
– 350 г моркови
– 200 мл бело вино
– 1 гранче свеж рузмарин
– 1 говедска коцка за супа
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Компирите ги сечкаме на кришки, а главиците кромид на половина. Ги ставаме во керамичка тава, намрсена со масло.
  2. На средината на тавата ја ставаме телешката коленица. Морковите ги сечкаме на кругови и ги распоредуваме околу коленицата. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и попрскуваме со масло. Листовите рузмарин ги кинеме од гранчето и ги додаваме во тавата.
  3. Преливаме со белото вино и со супа од коцка. Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на 200 степени, ја вадиме тавата од рерна и ја отстрануваме фолијата. На чинија за сервирање ја ставаме Печената телешка коленица и го сервираме зеленчукот од тавата.
  4. Ја преливаме коленицата со сосот од тавата. Декорираме со едно гранче рузмарин и гранчиња француски магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: