Pleskavici-zapeceni-vo-rerna-(4)

Плескавици Запечени во Рерна

Или тава – боли глава. Испржени плескавици, па печени со испржен кромид со шампињони и арома на лук. И на се тоа рендан кашкавал, од нас толку, а за изборот на виното ќе се погрижите сами. Само водете сметка да е добро барем приближно колку и јадењево.

Потребно е:

400 г мелено месо
150 г кромид
50 мл газирана вода
2 јајца
2 лажици брашно
магдонос
1 кафена лажица оригано
150 г сечкани маринирани шампињони
2 чешниња лук
200 г кашкавал
1 лажица доматно пире
1 кесичка прашок за сос за печење
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. На крупната страна од рендето во садот со меленото месо рендаме 1 главица кромид. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Јајцата ги кршиме, па и нив ги додаваме во садот.
  2. Потоа ги додаваме газираната вода, брашното и ориганото. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Формираме плескавици и ги редиме на чинија, намрсена со масло.
  3. Потоа ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме плескавиците од тавата и скалесто ги редиме во огноотпорен сад намрсен со масло.
  4. Преостанатата главица кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако кромидот ќе омекне ги додаваме маринираните шампињони. Чешнињата лук ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во тавата. Во тенџере со 400 мл зовриена вода на оган го додаваме прашокот за сос за печење и мешаме со жица.
  5. Размешаниот сос заедно со доматното пире ги додаваме во тавата со испржените шампињони. Промешуваме и со содржината од тавата ги преливаме плескавиците. Го ставаме огноотпорниот сад во рерна.
  6. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. На крупната страна од рендето на испечените плескавици го рендаме кашкавалот и го враќаме садот во рерна. Печеме уште 15 минути на истата температура и го вадиме од рерна.
  7. На едната страна од чинија за сервирање со калап во форма на куп нанесуваме претходно подготвено рижото. Потоа ги сервираме Плескавиците запечени во рерна. Преливаме со сосот од огноотпорниот сад и декорираме со гранчиња магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: