- Во тенџере со зовриена вода на оган го ставаме пилешкото месо. Откако ќе се свари го вадиме месото од тенџерето, го ставаме на чинија и го сечкаме на коцки.
- Во друго тенџере со зовриена вода на оган ги ставаме сувите сливи. Откако ќе се обарат и ќе подомекнат со лажица решетка ги вадиме од тенџерето, и ги ставаме на чинија обложена со хартија.
- Исцедените суви сливи ги сечкаме на парчиња. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
- Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме и откако течноста ќе испари ја тргаме тавата од оган. Свежите краставици ги сечкаме на тенки кругови. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула.
- Потоа на чинијата ставаме од испржените шампињони со кромид, од коцките пилешко месо, кругови краставици и парчиња црни сливи. На крупната страна од рендето во чинијата рендаме две варени јајца. Ги прекриваме со испржени шампињони со кромид на кои нанесуваме половина од мајонезот.
- Врз мајонезот ставме парчиња пилешко бело месо, кругови краставици и парчиња црни сливи, и рендаме уште две варени јајца. Ги нанесуваме преостанатите шампињони со кромид и преостанатиот мајонез.
- Врз мајонезот ги ставаме преостанатите парчиња месо, црни сливи и кругови краставици. На крајот во чинијата рендаме уште едно варено јајце. Декорираме со кругови црвена пиперка и четвртинки варено јајце.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.