- Во тенџере на оган ги ставаме водата и путерот. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното и промешуваме со лажица. Потоа непрекинато мешајќи со лажицата го додаваме брашното во зовриената вода со путер во тенџерето на оган.
- Откако тестото ќе почне да се одлепува од тенџерето го тргаме од оган. Оставаме тестото да се излади, го ставаме во сад за матење и го матиме со миксер. Едно по едно ги додаваме јајцата и матиме додека смесата не се соедини.
- Ја ставаме во слаткарска кеса и ги формираме профитеролите во тава за печење, намрсена со путер и обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња, ја ставаме во сад на пареа и додаваме 1 лажица масло.
- Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме садот од оган. Во сад за матење ја ставаме слатката павлака и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. Го додаваме шерито, го исклучуваме миксерот и ја ставаме изматената павлака во слаткарска кеса. На долната страна на секој профитерол со нож правиме отвор и со кесата ги полниме со изматената слатка павлака.
- Филуваните колачи со горниот дел ги брцнуваме во подизладената растопена чоколада и ги редиме во тавата. Белата чоколада ја кршиме на парчиња, ја ставаме во сад на пареа и додаваме 1 лажица масло.
- Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме садот од оган и оставаме чоколадата да се подизлади. Ја ставаме во фишек од хартија и ги декорираме профитеролите. Откако чоколадата ќе се стегне ги редиме Профитеролите со ладен крем на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.