- Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот ги додаваме брашното и мелениот афион, и матиме додека смесата не се соедини.
- Правоаголната тава бр 40 со готварска четка ја намрсуваме со масло. Ја обложуваме тавата со хартија. Со четката и хартијата ја премачкуваме со масло. Потоа во тавата ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме во рерна.
- Печеме 15-тина минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна. Изладената кора ја вадиме од тавата и ја отстрануваме хартијата. Во навлажнета кујнска крпа ја виткаме кората во ролат.
- На ситната страна од рендето во длабок сад го рендаме кашкавалот. Ги додаваме киселата павлака и ориганото. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот со лажица. Омекнатата кора ја одвиткуваме од крпата и ја премачкуваме со подготвениот фил.
- На едната половина од кората по должина ги редиме круговите шунка и ги премачкуваме со преостанатиот фил. Варените јајца ги сечкаме на парчиња, ги нанесуваме на филот и виткаме ролат. Го свиткуваме во најлонска фолија и го ставаме во фрижидер.
- Откако ќе се излади го вадиме ролатот од фрижидер, го одвиткуваме од фолијата и го сечеме на парчиња. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и скалесто редиме од парчињата Солен ролат со афион.
- Декорираме со ситно сечкана шунка и варени јајца, шери домати, кругови црвена пиперка и гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.