Sedmo-nebo2

Седмо Небо

Извонреден колач од жолт и кафен пандишпан испечени на обланди. Со филот од крем од жолчки и путер десертов не само што убаво изгледа, туку е и превкусен и се топи во уста.

Потребно е:

10 јајца
2 обланди

ЗА ПРВ ПАНДИШПАН

5 лажици шеќер
100 г мелени ореви
2 лажици брашно

ЗА ВТОР ПАНДИШПАН

5 лажици шеќер
100 г какао
2 лажици брашно

ЗА ФИЛ

500 мл млеко
10 лажици шеќер
6 лажици брашно
250 г путер

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на првиот пандишпан. Кршиме 5 јајца и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Брашното го додаваме во садот со мелените ореви и промешуваме со лажица.
  2. Потоа и брашното со ореви го додаваме во садот со изматените белки. Мешаме со лажицата додека смесата не се соедини. Во правоаголна тава за печење ставаме една обланда со мазната страна надолу.
  3. Врз неа ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на вториот пандишпан. Преостанатите 5 јајца ги кршиме, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките ги додаваме во садот со 5-те жолчки преостанати од првиот пандишпан.
  4. Ги матиме белките со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Брашното го додаваме во садот со какаото и промешуваме со лажица. Потоа и брашното со какао го додаваме во садот со изматените белки. Мешаме со лажицата додека смесата не се соедини.
  5. Во правоаголна тава за печење ставаме една обланда со мазната страна надолу. Врз неа ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  6. Почнуваме со подготовка на филот. Во длабок сад ги ставаме жолчките, преостанати од пандишпаните. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното и млекото, и матиме додека смесата не се соедини. Го ставаме садот на пареа и матиме со миксерот. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме садот од оган.
  7. Оставаме кремот да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме додека филот не се соедини. На послужавник ја ставаме обландата со вториот пандишпан нагоре. Ја премачкуваме со половина од филот.
  8. Врз филот ја ставаме обландата со првиот пандишпан и притискаме со раце за да се залепи со филот. Премачкуваме со преостанатиот фил. Откако колачот ќе се излади и ќе се стегне, го сечеме на коцки.
  9. Ги декорираме со зашеќерени цреши. Четири парчиња колач Седмо небо ставаме на чинија за сервирање.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: