- На ситната страна од рендето во длабок сад го рендаме сирењето. Шунката и киселите краставички ги сечкаме на коцки, и ги додаваме во садот. Го додаваме киселото млеко, наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот со лажица.
- Во тава за печење го ставаме Ајдамерот, ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 10-тина минути на 75 степени и ја вадиме од рерна. Растопениот Ајдамер го вадиме од тавата и на работна маса со сукалка го развлекуваме со дебелина од околу 5 мм.
- На кората од Ајдамер го нанесуваме претходно подготвениот фил и виткаме ролат. Му ги отсекуваме краевите, го свиткуваме ролатот во најлонска фолија и го ставаме во фрижидер.
- Откако ролатот ќе се излади и ќе се стегне го вадиме од фрижидер. Го одвиткуваме од фолијата и го сечеме на парчиња со широчина од 1 см. На чинија за сервирање скалесто ги редиме парчињата ролат. Со готварска кеса на секое парче ролат нанесуваме кисела павлака и декорираме со полукругови морков.
- Од лушпа од краставица и кругови морков на чинијата формираме цвет со кој ја завршуваме декорацијата на Ролат од сирење.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.