Svarcvald-torta-na-lesen-nacin-(2)

Шварцвалд Торта

Од пандишпан со рендана чоколада, и ванила крем со вишни и ликер. Уште кога на тората ќе ставите изматена слатка павлака и рендана чоколада, едвај ќе чекате да се излади за да ја пробате и да се насладувате.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН

4 јајца
150 г шеќер
100 г брашно
50 г чоколада за готвење
2 лажици масло за јадење

ЗА ФИЛ

500 мл млеко
100 г шеќер
40 г густин
1 кесичка прашок за пудинг од ванила
200 г вишни од компот
30 мл ликер од вишни

ЗА УКРАСУВАЊЕ

200 мл слатка павлака
50 г чоколада за готвење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи.
  2. Една по една ги додаваме жолчките и матиме додека не се соединат со белките. На крупната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата. Ги додаваме маслото и брашното, и мешаме со жица додека смесата не се соедини.
  3. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 24, намрсен со маргарин. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 300 мл млеко и го додаваме шеќерот.
  4. Прашокот за пудинг и густинот ги додаваме во садот со преостанатото млеко, и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ја додаваме размешаната смеса во зовиеното млеко во тенџарето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  5. Оставаме кремот да се излади. Ги додаваме вишните и ликерот, и го промешуваме филот со лажица. Изладениот пандишпан го вадиме од калапот, го ставаме на чинија за торта и го премачкуваме со филот.
  6. Во сад за матење ја ставаме слатката павлака и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. Ја ставаме во слаткарска кеса и со топчиња изматена павлака ја украсуваме тортата. На крупната страна од рендето на Шварцвалд тортата ја рендаме чоколадата за готвење.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: