Rafaelo-kocki1

Рафаело Коцки

Има ли некој што не знае за Рафаело бомбиците и што не ги сака? Не, не е весела математика. Ако сакате кремасти и пенести десерти само направете ги коцкиве и чекајте ја реакцијата на тие што ќе ги пробаат. А, кокос, нормално има – без грижа.

Потребно е:

5 јајца
200 мл млеко

ЗА КОРА

250 г шеќер
100 г брашно
100 г кокосово брашно
1 прашок за печиво

ЗА ФИЛ

500 мл млеко
150 г шеќер
6 лажици брашно
1 ванилин шеќер
250 г путер

ЗА УКРАСУВАЊЕ

2 кесички прашок за шлаг крем од ванила
200 мл млеко

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на кората. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките во сад на страна. Ги матиме белките со миксер.
  2. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме кокосовото брашно, брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  3. Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 40, намрсена со путер. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Во тенџере на оган ставаме 200 мл млеко.
  4. Откако млекото ќе се загрее го тргаме тенџерето од оган. Со лажица со топлото млеко ја преливаме изладената кора. Оставаме кората да се излади. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 300 мл млеко.
  5. Жолчките, преостанати од кората, ги ставаме во сад за матење и ги матиме со миксер. Ги додаваме шеќерот, преостанатото млеко, ванилиниот шеќер и брашното, и матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
  6. Потоа непрекинато мешајќи со жица ја додаваме изматената смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  7. Оставаме кремот да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Ја премачкуваме кората во тавата со филот и го сечеме колачот на коцки.
  8. Во сад за матење ги ставаме млекото и прашокот за шлаг крем, и матиме со миксер додека шлаг кремот не ја добие потребната цврстина. Го ставаме во слаткарска кеса и ги украсуваме коцките. Неколку Рафаело коцки редиме на чинија за сервирање.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: