Ribja-bajadera-(4)

Рибја Бајадера

Од ослич наместо жолтата смеса, фил од туна, маслинки, лук и магдонос наместо кафената и рендан кашкавал наместо преливот од чоколада бајадерата е комплетна. Уште сервирана на блитва со компири и декорирана со домати едвај да чекаш да ја пробаш.

Потребно е:

1 кг роло-филети ослич
180 г конзервирана туна
70 г маргарин
10-тина маслинки
магдонос
200 мл кисела павлака
2 јајца
200 г кашкавал
2 чешниња лук
250 г варени компири
1 врзоп обарена блитва
масло за јадење
маслиново масло
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Магдоносот и едно чешне лук ситно ги сечкаме, и ги ставаме во длабок сад. На маслинките им ги отстрануваме семките, ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Ја додаваме туната и го мешаме филот со лажица.
  2. Дното на огноотпорен сад, намрсен со маргарин го прекриваме со роло-филети ослич. Врз рибата го нанесуваме подготвениот фил. На ситната страна од рендето врз филот рендаме кашкавал и ги редиме преостанатите роло-филети ослич.
  3. Во огноотпорниот сад го додаваме преостанатиот маргарин, исечкан на парчиња. Јајцата ги кршиме во длабок сад, ги матиме со жица и ја додаваме киселата павлака. Додаваме 2-3 лажици масло, наросуваме мелен црн пипер и мешаме со жицата.
  4. Со мешавината ја преливаме содржината во огноотпорниот сад и го рендаме преостанатиот кашкавал. Го ставаме садот во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Ја сечеме бајадерата на парчиња.
  5. Преостанатото чешне лук ситно го сечкаме и кратко го запржуваме на загреано маслиново масло во тава на оган. Обарената блитва ситно ја сечкаме и ја додаваме во тавата. Варените компири ги гмечиме со алатка за пире, па и нив ги додаваме во тавата.
  6. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме и ја тргаме тавата од оган. На чинија за сервирање ја нанесуваме блитвата со компири и на неа редиме 4 парчиња Рибја бајадера. Декорираме со полукругови домат и лимон, и гранчиња копар.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: